Свет
53 еко-активисти залепени за асфалтот приведени во Лондон
Приведени се повеќе од педесет еколошки активисти на двожењето Insulate Britain кои повторно го блокираа сообраќајот на еден од најважните автопати М25 во близина Хитроу, од кои некои со суперлепак се залепија за асфалтот, според соопштението на лондонската полиција.
„Приведевме 53 луѓе, работевме да ги минимизираме прекинот во сообраќајот. Отворивме сообраќајни ленти каде што е можно за возилата да можат да се продолжат да се движат слободно“, се додава во соопштението.
Полицијата на британската престолнина, исто така, соопшти дека некпои од демонстрантите се залепиле за површината на коловозот со суперлепак за на припадниците на силите за спроведување на редот да им отежнат да ги подигнат од асфалтот.
Последните десет дена демонстрантите кои ја обвинуваат владата дека не прави ништо во борбата против климатските промени, континуирано ги блокираата сообраќајот на една од главните лондоски делници А25, залепувајќи се за асфалтот создавајќи огромен сообраќаен метеж.
Полицијата досега веќе приведе повеќе од 300 демонстранти. Кон крајот на минатата седмица, тие блокираа неколку автомати во близина на едно од најголемите пристаништа во Довер, на југоистокот на Англија.
Британското министерство за транспорт успеада издејствува од судот забрана за активностите на екологистите кои го блокираат сообраќајот на автопатите.