Македонија

40 понуди за изградба на фотоволтаични електрани

Четириесетина понуди од физички лица и од компании се доставени за изградба на фотоволтаични централи. Новите енергетски капацитети треба да се градат на приватно земјиште. Струјата од овие централи граѓаните ќе може да ја користат најмалку за една година. Надлежните очекуваат со овие проекти да се намали зависноста на увоз на струја. Инаку во Македонија 70 отсто од струјата е од домашното производство, а останатите 30 отсто се увезуваат од странство. Следната недела ќе биде потпишан и договорот за изградба на фотонапонска централа и во термоцентралата Осломеј кај Кичево.

Во Македонија ќе се изградат над 62 мегавати инсталирана моќност во фотоволтаици. Тоа се дел од оние 200 мегавати што ветивме дека ќе ги направиме како Влада. Ова се првите 62 мегавати и овие електрани ќе бидат, во споредба со она што досега е направено, наназад низ годините, кога се направени фотоволтаици од само 18 мегавати, зголемување за трипати за само една година – велат од владата

Тагови

Поврзани вести