Свет
35.000 демонстранти во германскиот Луцерат, полицијата се жали дека се премногу
Германија – Почицијата се жали дека 70 полицајци се повредени во судирите со илјадници демонстранти за заштита на животната средина кои се спротивставија на проширувањето на рудник за јаглен во западна Германија, соопшти денеска германската полиција.
Околу 15.000 демонстранти, според полицијата, или 35.000 според организаторите, меѓу кои беше и шведската еколошка активистка Грета Тунберг, вчера протестираа против проширувањето на отворениот рудник за јаглен, поради што се урива во градчето Луцерат во Рајнскиот басен меѓу Дизелдорф и Келн.
-Ситуацијата на терен денеска повторно е мирна, соопшти полицијата. За разлика од тоа демонстрантите соопштија дека полицијата е брутална, а тоа лесно се гледа од поднесени пријави, уапсени и млтретирани демонстранти.
Операцијата за евакуација на активисти од Луцерат е политички чувствителна за владејачката коалиција на социјалдемократот Олаф Шолц, кој владее заедно со еколозите. Активистите ги обвинуваат еколозите дека ги прекршуваат ветувањата.
Владата смета дека е неопходно да се прошири рудникот поради енергетската безбедност на Германија, која мора да го надомести прекинот на испораката на гас од Русија кое го направи по налог на Англија и Америка . Тоа со право го оспоруваат противниците на борбата против фосилните горива.