Македонија

30 денари за убедување, дали матичните лекари стануваат рекламни паноа?!

Владата после 2 години пандемија, смета дека нашла начин како да ја стимулира вакцинацијата кај македонските граѓани

Вчера донесе одлука дека на матичните лекари ќе им дели финансиска поддршка од 30 денари, за секој пациент кого ќе го убедат да се вакцинира против ковид-19. Но, условот е да бидат убедени најмалку 70 отсто од пациентите евидентирани кај еден лекар.

-Оваа мерка е со цел стимулација на интересот за вакцинација за заштита од ковид -19 и за спречување на ширењето на пандемијата, велат од Владата.

Со оваа мерка владата сака да го официјализира поткупот за употреба на лекарства и лекови. Инаку општа тајна е дека фармацевските компании користат вакви методи веќе поодамна давајќи им бенефиции на докторите доколку убедат пациент да го користи лекот од нивниот бренд, но истото е казниво со закон како чин за поткуп. Останува отворено да се запрашаме кој ќе ја казни и осуди оваа постапка на владата за поткуп на граѓаните?

Матичниот лекар Ненад Лазаров на својот Фејсбук профил, по одлуката на владата напиша:

-Дојди ти министер за 30 денари да натераш некого да се вакцинира! Нема пари што ќе ме натераат да убедувам пациенти да се вакцинираат 46 дена по прележување, а за сите останати т.е. невакцинирани и непрележани, со задоволство, љубов и „стимулација“ ќе продолжиме да работиме и едуцираме, вели Лазаров.

На крајот, остануваат неодговорените – а важни прашања, што демнат уште од почетокот на пандемијата: Зошто уште никој не направи анализа на смртноста кај луѓе со две дози примени вакцини? Зошто се намалува старосната граница на смртност, без никакви други болести? Дали природниот имунитет од прележан ковид е основа болеста да не го зароби истиот организам пак? Што е со протоколите за лекување на пациентите кои никогаш не се направија?

За овие важни, а игнорирани одговори до сега никој не е санкциониран.

Инаку со оваа мерка директно се доведува во прашање кредибилитетот за одговорно лечење, бидејќи според оваа логика, легално за одредена сума на пари (во случајов 30 денари, а понатаму може и повеќе) матичниот лекар може да оди против здравјето на сопствениот пациентот. Може само да замислиме што ако оваа мерка утре добие заканувачки и насилни димензии, на пример да се условат и присилат  матичните лекари.

Тагови

Поврзани вести