Култура

27 март – Светскиот ден на театарот

МНТ го слави Светскиот ден на театарот со претставата на Синиша Евтимов „12“

Македонскиот народен театар ќе го одбележи 27 март – Светскиот ден на театарот со изведбата на претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), во адаптација и режија на Синиша Евтимов.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ.

Автор на меѓународната порака е Теодорос Терзопулос, театарски режисер, едукaтор, автор, од Грција, основач и уметнички директор на Аттис – Театарска компанија, инспиратор на Театарската олимпијада и раководител на Меѓународниот комитет на Театарската олимпијада.

Авторот на македонската порака за 2025 година е актерот Емил Рубен, пензиониран актер од ансамблот на МНТ, филмски и ТВ-актер. Двете пораки ќе бидат прочитани непосредно пред почетокот на претставата, а честа да ѝ се обратат на публиката е на прекрасните актерки Арна Шијак и Софиа Насевска-Трифуновска.

Тагови

Поврзани вести