Вести
Светски ден на животната средина

Денеска во градскиот парк на “Школка” се организира забавно-едукативен настан со кој ќе се одбележи во глобалното одбележување на 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина.
Годинашново одбележување на овој значаен еколошки ден е посветено на глобалните заложби за намалување на загадувањето од пластика.
Во настанот, што ќе се одржи на отворената бина на „Школката“ во Градскиот парк во Скопје, ќе се вклучат и колективните постапувачи со отпад ПАКОМАК и НУЛА ОТПАД, ЈПКомунална Хигиена, ЈСП, Титан УСЈЕ и Скопска Пивара.
– Преку игра, песна, едукација, еко-трикови околу 300 ученици од девет скопски основни училишта кои во текот на учебната 2017/2018 година собраа најмногу пластични шишиња и ги предадоа за рециклирање на ПАКОМАК, ќе ја пратат пораката дека се подготвени да го сменат своето однесување кон пластиката и со тоа да се грижат за животната средина, живиот свет и сопственото здравје, наведуваат организаторите.