Свет

Мистериозно розово езеро

Британскиот поморец и хидрограф Метју Финдерс прв го забележа овој феномен.

Розовата бојата на езерото Хилер на островот Мидл и денеска останува мистерија и е нешто што ги збунува научниците, кои не можат да дадат прецизен одговор за ова.

Во 1950 година група на научници се одлучи да ги истражува причинителите за бојата на ова езеро, но факторите кои придонесуваат за тоа не содржеле трагови од алги, кои најчесто им даваат боја на водата.

Сепак, се шпекулира дека розовата боја на езерото, како и кај други слични феномени, е резултат на високото ниво на сол и присуството на алги кои сакаат сол, како што се dunaliella salina и розовата бактерија halobacteria.

Но, за разлика од останатите розови езера, кои ја менуваат бојата во рамките на промената на температурата, езерото Хилер е розово во текот на цела година.

Ова езеро, опкружено со шуми, е долго околу 600 метри.

Езерото е голема туристичка атракција, а благодарение на големото ниво на сол многу е интересно да се плови во него.

Сепак, бидејќи овој остров најмногу се користи само во истражувачки цели, капењето и не е честа појава овде.

Тагови

Поврзани вести