Огромен бран е снимен со помош на посебна апаратура за прибирање податоци од океаните, за време на силна бура во Јужниот Поларен Океан, во близина на Антарктикот. Евидентиран е бран висок 23,8 метри.
Бранот настанал во близина на островот Кембел, кој се наоѓа 700 километри јужно од Нов Зеланд. Претходниот рекорд за највисок бран е од 2012 година, кога е измеререна височина од 22,03 метри.
Се верува дека за време на бурата настанале и повисоки бранови, кои не се евидентирани бидејќи сондата се вклучувала по неколку минути на секои три часа, поради штедење на батеријата.
Во северната хемисфера на Земјината топка, пак, највисок бран е регистриран во 1958 година на Алјаска, кога земјотрес предизвикал цунами, а според тогашните мерења, најголемиот бран кој се создал бил висок 30,5 метри.