Култура

20 ноември – Светскиот ден на филозофијата

Овој ден, востановен од УНЕСКО, се одбележува на третиот четврток од месец ноември и тогаш низ целиот целиот свет се одржуваат дебати, дијалози, предавања, средби со филозофи, симпозиуми, изложби преку кои се потсетуваме за доблестите и воопшто за вредноста на филозофијата.

Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје денес по 22. пат го чествуваат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, се одбележува на третиот четврток од месец ноември и тогаш низ целиот целиот свет се одржуваат дебати, дијалози, предавања, средби со филозофи, симпозиуми, изложби преку кои се потсетуваме за доблестите и воопшто за вредноста на филозофијата.

Нашите организатори и овојпат се потрудија да понудат програма со интелектуално возбудливи настани. Носечкиот дел од одбележувањето е посветен на симпозиумот ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, тема што изминатава година оправдано ги разбранува духовите на домашната (интелектуална) јавност. На симпозиумот со свои излагања ќе учествуваат девет (9) истакнати филозофи и истражувачи, поделени во две сесии. Во првата претпладневна сесија (12:00 – 14:00), свои излагања ќе имаат: д-р Стивен Фридман (САД), Љубомир Гајдов, проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Јасмина Поповска. Во попладневната сесија (15:00 – 17:30) ќе учествуваат: проф. д-р Марија Тодоровска, проф. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ, д-р Данка Јовева, д-р Бошко Караџов и д-р Игор Поп Трајков.

Настанот, веќе по традиција (по девети пат) ќе го отвори дуо и квартет гитари на студенти од Факултетот за музичка уметност во класата на проф. м-р Дарко Багески, коишто ќе изведат пасажи од Пујол, Пјацола, Бариос и Форест. Од името на организаторите присутните со пригодни обраќања ќе ги поздрават деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, проф. д-р Оливер Бакревски и раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска.
Свечениот дел од чествувањето својот врв ќе го достигне со доделувањето на наградата „Константин Философ“ за животно дело за 2025 година, којашто ќе му биде врачена на проф. д-р Љубомир Цуцуловски.

Повеќе информации со деталната програма, апстрактите на учесниците на симпозиумот, програмата за концертот, можете да најдете на следниот

Тагови

Поврзани вести