Вести

Светски рекорд: Бразилец сурфаше на бран висок 25 метри

Сурферот Родриго Коша го собори светскиот рекорд кога сурфаше на највисокиот бран досега на натпреварот во Назаре, централна Португалија, соопшти Светската лига на сурфери (WSL), организатор на натпреварот на професионални сурфери.

38-годишниот Бразилец од Сао Пауло постигна нов светски рекорд откако сурфаше на „воденото чудовиште“ чија височина се проценува на 80 стапки или 24,38 метри.

„Ви благодарам на сите за поддршката, ми помогнавте да верувам дека ова е возможно. Ова е нов светски рекорд, голема чест, немам зборови“, напиша Родриго на Facebook.

Претходниот рекорд на бран висок 23,77 метри го држеше Американецот Герет Макнамара, поставен исто така во Назаре, во 2011 година.

Тагови

Поврзани вести