ЗабаваКултура

Пронашол слика вредна 4 милиони долари

Американецот Роберт Ворен ја пребарувал просторијата под сцената во театарот кога случајно ја пронашол старата слика. На прв поглед, слика работена во техника масло на панел, не изгледала посебно интересна. Избледена, содржела голи митолошки фигури, била оштетена од вода, и на неколку места била испукана.

 

“Не мислев дека е вредна, ниту знам зошто е чувана во орманот”, изјави Ворен, извршен директор на уметничкиот комплекс „Хојт Шерман Плејс” во Де Мојн, Ајова.

Сликата е пронајдена уште во 2016 година, и приказната можеше тука да заврши, но Ворен нашол налепница на задната страна, слична на оние што се користат на аукција. После тоа, почнал да истражува, а долгото истражување го довело до вистината. Се работи за слика од 16 век, наречена Аполо и Венера, која е дело на холандскиот сликар Ото Вениус (Otto van Veen, 1556-1629) и е вредна повеќе од 4 милиони долари.

На налепницата е напишано дека сликата некогаш била изложена во њујоршкиот Метрополитен музеј на уметноста. Сликата била позајмена на музејот од некој извесен господин Колинс, кој подоцна во 1900-те ја земал сликата со себе, кога се преселил во Де Мојн со својата фамилија.

Неговата внука, ја донирала сликата, заедно со уште четири слики на женскиот клуб, кој ја основал галерија. За реставрација на сликата било потребно година дена. Иако нема намера да ја продаде, Ворен тврди дека на аукција ќе достигне цена до 11 милиони долари.

Тагови

Поврзани вести