Храна

Прв македонски премиум крем БЕЗ ШЕЌЕР!

Секојдневно сме сведоци дека луѓето стануваат се посвесни и посвесно се однесуваат на храната што ја конзумираат. Светот на храна и здрави производи е во процесот на структурни промени и се движиме во правец на “новиот свет на исхрана”.

ЛИОН како еден од најиновативните и најкреативните компании кај нас, а земајќи ги во предвид потребите за здрава исхрана, под брендот ЛЕОНА го лансираше првиот Македонски Премиум крем Без Шеќер. По тој повод разговаравме со Икица Павлоски, комерцијалниот директор во Лион.

Што Ве поттикна на производство на новиот ЛЕОНА ПРЕМИУМ КРЕМ – БЕЗ ШЕЌЕР?

Павлоски: Нашата компанија секогаш ги следи светските текови и трендови на исхрана во светот и истите сакаме да им ги овозможиме на нашите домашни потрошуваши, а во светот се повеќе и повеќе се оди кон здравата исхрана. Значајно место има користењето во исхраната на производи со намалена количина на шекери во нив, како и производи без шекер.

Што е замена за шеќерот и која е методата за изработка на “No Sugar” производи?

Павлоски: “Sugar Free” ili “No Sugar” преставуваат едно исто – и значи дека производот не содржи повеке од 0,5гр на 100гр. производ. Како замена за шекер во нашиот крем е употребен малтитол. “NO ADDED SUGAR”  не припага во нашата категорија и тоа се кремови кои содржат шекери многу помалку од редовните кремовите со шекер но сепак повеке од оние кој се означени со “Sugar free”, и кај овие производи не се користи шекерот како суровина при производство, туку сите шекери доагаат како резултат на присуство во некои од употребените суровини (на пример млеко во прав содржи лактоза која што се декларира како шекер)

Што е малтитол? 

Павлоски: Малтитол  е шеќерен алкохол по формула и од конзументите кој го користат се перципира како здрава замена за шекерот, има 75-90% од сладоста на сахарозата и се користи како здрава замена на шеќер Неговата калорична вредност е за 40% пониска од онаа на шекерот. Малтитол  резултира со побавен пораст на нивото на шеќер и инсулин во крвта во споредба со сахароза и гликоза.

Кои се предностите и бенефитите на самиот производ?

Павлоски:  ЛЕОНА ПРЕМИУМ КРЕМ-БЕЗ ШЕЌЕР содржи 5 % лешник и е одлична комбинација и сооднос со  другите состојки. Инаку не промовира расипување на забите со што е одличен за конзумација и за најмалите. Иако има гликемиски индекс, сеуште може да се користи како ефикасна алтернатива за луѓето со дијабетес. Деновиве треба да ни пристигне и офизијална потврда од Дирекција за храна и оттаму да добиеме одредени здравствени тврдења како би можел нашиот крем да го користат и дијабетичари.

Останува единствено да го пробаме овој нов производ од семејството на ПРЕМИУМ КРЕМОВИ – ЛЕОНА и да се увериме во квалитетот на истиот.

Разговараше: Александра Божиновска

 

Тагови

Поврзани вести