Македонија

Порибување на водите и езерата во Скопје.

И оваа година Здружението на риболовци, спортско-рекреативниот клуб Рибар 2011 спроведоа порибување на водите и езерата во Скопје.

Минатата недела во водите на реките Вардар и Треска, како и во езерцата во Градскиот парк, беа пуштени 560 килограми крап и 285 килограми македонска пастрмка (Salmo macedonicus, Karaman, 1924). Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и зголемување на бројноста на популацијата во реките Треска и Вардар, како и во езерцата во Градскиот парк во Скопје.

Од таму додаваат дека проектот ќе придонесе за заштита на македонската пастрмка како дел од богатото природно наследство, збогатување на туристичката атракција преку развој и промовирање на високо квалитетен рекреативен и спортски риболов, подигање на свеста кај јавноста, зајакнување на улогата на туризмот и учество на заедницата во туристичките активности со цел да се воспостави економски возможен, одржлив и локално базиран еколошки туризам.

Тагови

Поврзани вести