Македонија
11 камиони со 268 тони отпад за УСЈЕ задржани на Богородица
На граничниот премин Богородица, при влез во зењмјава бле задржани 11 камиони со 268 тони отпад наменет за фабриката за цемент УСЈЕ во Скопје.
Министерството за екологија соопшти дека врз основа на бараната дозвола од страна на фабриката, до 20 февруари тие ќе увезат вкупно 1.000 тони алтернативно гориво.
„Инспекторатот во координација со Министерството и Царинската управа, изврши вонредна инспекција на увоз на забранет отпад на граничниот премин Богородица. Резултатите ќе бидат објавени по проверка на документацијата и анализата на примероците земени од инспекторите и царинските служби.“-велат од Министерство за екологија.
Од УСЈЕ која има грчки газди, соопштија дека ништо не е нелегално и оти имаат соодветни дозволи за увоз на отпадот. Според нив, тие увезуваат само 4.400 тони отпад годишно или 4% од дозволата која ја поседуваат за 50.000 тони за една календарска година.