Свет
100% енергија од обновливи извори во Калифорнија
Обновливите извори на енергија во Калифорнија во саботата достигнаа речиси 100%.Заштитниците на животната средина го прославуваат ова достигнување, California Independent System Operator (CAISO), непрофитната организација која ги следи системите за електрична енергија и енергијата генерирана и пренесена преку нивните станици, претходно објави податоци дека државата достигнала 101’% енергија од обновливи извори.

Властите во земјата ги провериле податоците и утврдиле дека тој процент е 99,87% од вкупно 18.672 мегавати во саботата. Бројката се уште е ооголема од претходниот рекорд од 97,58%, а портпаролот на CAISO го потврди тоа. Ова достигнување траеше само 15 минути и потоа процентот падна на 97%.
12,391 мегавати или околу 2/3 од енергијата дошла од соларни панели поврзани со државната електрична мрежа, додека остатокот е од ветар, геотермална енергија и други обновливи извори.
Хидроенергијата е послаб извор на енергија поради големите суши во регионот, додека државата одлучи да ја затвори нуклеарната централа Диабло кањон до 2025 година.
Калифорнија сепак е далеку од тоа да биде целосно независна од фосилните горива и се уште се троши природен гас во електроцентралите. trek reported.