Македонија

100 дена Влада: Премиерот ќе ја презентира досегашната работа

Новата Влада беше избрана на 23 јуни и ја сочинуваат партиите ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди. Владата има вкупно 20 министерства, додека владиниот кабинет брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од првите 100 дена од работата на Владата. Под слоганот „100 проценти посветени, за тебе!“, премиерот ќе ги прикаже постигнувањата, проектите и мерките кои беа реализирани од новото раководство откако ја презеде извршната власт.

Меѓу активностите што го одбележаа работењето на Владата, покрај транзициите на функционерските позиции и ребалансот на Буџетот, се и задолжувањето од половина милијарда евра од Унгарија, од кои средства ќе се реализира повикот за финасирање инфраструктурни проекти на општините, како и поддршка на стопанството. Исто така и линеарното зголемување на пензиите што стартува од денеска во износ од 2.500 денари, а за уште толкав износ пензионерите ќе имаат покачување и од март следната година, како што е предвидено во неодамна донесените измени и дополнувања на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Покрај борбата против криминалот и корупцијата и реформите во судството и во администрацијата што ги ветува Владата, меѓу предизвиците остануваат и високите цени на храната, за што неодамна донесе одлука за ограничување на профитните бруто маржи на 73 прехранбени производи, а се очекуваат пониски цени и со Законот за забрана на нефер трговски практики, што беше донесен пред шест месеци. Исто така, барањата за зголемување на платите од Сојузот на синдикатите на Македонија, од Синдикатот на вработените во образованието и науката.

Новата Влада беше избрана на 23 јуни и ја сочинуваат партиите ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди. Владата има вкупно 20 министерства, додека владиниот кабинет брои 24 члена.

Тагови

Поврзани вести