Економија

Ќе може ли Македонија и македонците да ја издржат зимата која следува и сите измислени кризи кои моментално постојат?

Синдикалната кошничка во нашата земја ги надминува просечните примања на македонските граѓани, електричната енергија е поскапена, а на сила стапуваат и мерки за штедење, па како ќе се преживее зимата и кризата?

Ако до сега не слушнавте, премиерот на Чешка, Петр Фијала, вети дека поради поскапувањето на енергенсите ќе ги обесштети граѓаните преку станбен додаток, на сите чии комуналии надминуваат 30 отсто од приходите, а во Прага кога ќе надминат 35 отсто од приходите, што исто така се пари собрани од даноци кои ги плаќаат истите граѓаните, така да попригоден збор за користење е да ги вратат парите на граѓаните.

„Владата нема да дозволи никој да пропадне. Граѓаните ќе плаќаат најмногу 30 отсто од приходите за домување, во Прага 35 отсто, вклучувајќи ги сите плаќања за енергија. Сите трошоци над 30 отсто од приходот државата е спремна да ги плати“, рече Фијала, а пренесе телевизијата ЧТ.

Додатокот за домување во Чешка досега беше еден вид на социјална помош за најсиромашните семејства, а премиерот Фијала, со сегашната состојба, апелираше до граѓаните да не се срамат да го бараат, дури и оние кои до сега немаа право на овој додаток, па сега, со овогодишното зголемување на трошоците за енергија истиот да им биде неопходен.

Ќе може ли Македонија како држава и нејзините граѓани и домаќинства да ја издржат зимата која следува и сите кризи кои моментално постојат? Способно ли е едно македонско семејство, со просечна плата, да ги нахрани децата и да плати струја? Зошто власта која единствено има можност а и задача да го реши овој проблем не превзема ништо? Зошто не се обезбедени можности кој Македонија ги има да се снабдува самостојно со струја? Зошто државата набавува(договара) увоз на струја од фирми кои имаат стотици милиони пријавена добивка во првите шест месеци? Како е можно ЕВН да има 20 милиони евра профит во првте 6 месеци од 2022 година? Ја контролира ли државата легалната кражба на струја од страна на ЕВН од граѓаните? За чиј бенефит регулира регулаторна комисија? Има ли одговор на овие прашања?

Тагови

Поврзани вести