Култура
Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана
Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана.
Изборот, како што соопшти прес-службата, е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акедемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон.
Академијата има мисија да поттикнува нови врски меѓу балканските уметници, со цел промоција на активности и меѓународни културни проекти.
Изборот на Плевнеш, доаѓа по смртта на првиот претседател, Јон Карамитру избран во Букурешт на 29 октомври 2017 годиона.
Основачкиот комитет го предложи изборот на почесните членови: Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература, Вангелис – композитор и музичар, Марина Абрамовиќ – концептуален уметник, Светлана Броз, кардиолог и хуманитарен активист и Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската акедемија на науките, уметностите и книжевностите.