ЖивотКлима

„Јелоустоун“ делумно отворен по големите поплави

Националниот парк „Јелоустоун“, еден од најпознатите во САД, денеска беше повторно (делумно) отворен по затворањето минатата недела поради огромните поплави и лошото невреме.

Стотици луѓе во автомобили и кампери уште пред зори чекаа на влезот во паркот, каде патиштата и мостовите беа оштетени при обилните дождови и наглото топење на снегот. Според американските власти, неколку десетици лица кои беа заглавени во поплавите морале да бидат спасувани со хеликоптери.

Јужниот дел на паркот денеска е отворен за посетителите, чиј број се контролира и преку регистарските таблички, така што им се дозволува влез на оние со парни броеви – за парни и, со непарни – за непарни датуми.

Паркот минатата година имаше забележано повеќе од 4,8 милиони посетители.

Тагови

Поврзани вести