Македонија
„Комунална хигиена“ ќе добие субвенција за набавка на три специјални возила
Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ ќе добие субвенција од Градот во висина од 12 милиони денари за набавка на три специјални комунални возила, и тоа: за собирање и тран спортирање на комунален отпад од 1,1 кубен метар и 5 кубни метри возило-комбинирка со капацитет на надградба до 20 кубни метри и две возила-самоподигнувачи со нозивост до седум тони.
Како што стои во предлог-одлуката за измена и дополнување на одлуката за давање на субвенции на ЈП „Комунална хигиена“, во буџетот на Град Скопје за 2019 година биле определени три9 милиони денари за субвенционирање на ова јавно претпријатие за набавка и опрема за стационар Вардариште. Овие средства се укинуваат со ребалансот на буџетот во 2019 година и се поредвидени нови средства од дванаесет милиони денари за субвенционирање на „Комунална хигиена“ за набавка на возилата како штро е наведено во предлог-одлуката.
Град Скопје ќе ја субвенционира и набавката на две пајак-возила за јавното претпријатие „Градски паркинг“. Оваа набавка ќе биде во вредност од 11 милиони денари.
-Потребата од оваа субвенција е поради тоа што Градот реализираше донација на четири специјални пајак-возила кои беа во употреба повеќе од 10 години во претпријатието, а целта е обновување на возниот парк на претпријатието-се наведува во предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за давање на субвенции на јавното претпријатие „Градски паркинг“.
Во периодот што следи во подготовка се донации на уште две возила.
-Субвенционирањето на јавните сообраќајни претпријатија кои ги опслужуваат урбаните средини е пракса која постои во речиси сите градови во Европа. Ваквата пракса овозможува сообраќајните претпријатија да го задржат нивото и квалитетот на услугите, се вели во образложението на предлог-одлуката.
Градот Скопје ќе одвои пет милиони денари за субвенбционирање на новото јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници „Лајка“.
Целта е непречена работа на претпријатието.
-Поради потребата од средства за негово нормално функционирање, со ребаланс на буџетот на Град Скопје за 2019 година се предвидени пет милиони денари е наведено во предлог-одлуката за субвенционирање на ЈП за благосостојба на животни скитници „Лајка“.