Македонија

Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди

Андоновски: Ќе бидат доделени вкупно 55.000 ваучери за набавка на електронски уреди.Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.

Министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски информира дека е објавен Јавен повик за доделување вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди.

Андоновски во објавата на фејсбук потенцира дека според ветувањето на Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, објавен е јавниот повик од Владата за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди: преносен компјутер (лаптоп или All-in-One), таблет или персонален компјутер.

Кој има право да аплицира?
Сите студенти на прв циклус студии државјани на Република Македонија;
Запишани (редовно или вонредно) во учебната 2025/2026 година на државни или приватни високообразовни установи во земјата;
Не постари од 29 години на денот на објавување на повикот.

Рок и број на ваучери
Апликации се поднесуваат електронски преку порталот uslugi.gov.mk до 20 декември 2025 и/или до исцрпување на ваучерите.
Вкупно 55.000 вакви ваучери ќе бидат доделени.
Аплицирај сега и обезбеди свој уред за учење!

Тагови

Поврзани вести