Свет

Ѓубре од надојдена река со багер го фрлале назад во реката

Југот на Србија ноќта меѓу неделата и понеделникот го погодија обилни врнежи кои предизвикаа поплави, а ситуацијата дополнително ја влоши и испливувањето на нелегалните депонии создадени под мостовите на реките.

Во Нови Пазар на тоа му пристапиле со тешко разбирливо решение. Багер го копал ѓубрето од едната страна на мостот и го фрлал назад во реката од другата страна на мостот, а ѓубрето, наместо на депонија, заминало низводно по реката.

Снимката набрзо се рашири по социјалните мрежи низ регионот.

Тагови

Поврзани вести