Свет
Ѓоковиќ како невакциниран, добил дозвола за медицинско изземање од вакцинација за настап на Австралија Опен
Новак Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на Австралија опен, добил дозвола од здравствените власти на оваа земја и покрај тоа што не е вакциниран.
Се шпекулираше дека на Австралија опен ќе може да настапат само вакцинирани тенисери, нешто што е дел од мерките во оваа земја. Таквата опција сериозно се разгледувала, но во последните денови е одлучено мал дел од тенисерите да можат да играат и без вакцина, туку со одредено медицинско одобрение кое го издаваат локалните власти. Новак Ѓоковиќ добил такво одобрение и потврди дека ќе настапи на Австралија опен.
Ова сепак кажува дека кога станува збор за профит и заработка може да се добијат и вакви измислени дозволи, а што е со останатите луѓе што немаат ниво на популарност како светски познатиот тенисер? За обичните луѓе сепак важат забрани, рестрикции, задолжителни ПСР тестови, вакцинации на секој три месеци и останати мерки кои се покажа дека немаат никаква врска со борбата против пандемијата.
„Среќна нова година! Ви посакувам многу здравје, радост и среќа. Да гледате, дишите и мислите љубов и да негувате почит кон секоја личност и живо суштество на оваа прекрасна планета. Ми беше убаво да бидам со сојата фамилија и милите луѓе, се одморив од многу долгата и успешна сезона 2021. Сега одам во Австралија бидејќи добив одобрение и подготвен сум да живеам и дишам тенис во наредните недели. Ви благодарам на сите за поддршката“, напиша Ѓоковиќ на својот инстаграм профил.