Живот
„Ѓаволски мост“ – Забрането е минување преку него, а од далеку восхитува со својата убавина
Уникатен мост се крие во природниот парк Кромлауер во Германија.
Неговата изградба била нарачана од витез од блискиот град Кромлау во 1860 година. Народот го градел од камења и материјали, кои можеле да се пронајдат во околината.
Мостот е познат како ракобрук или ѓаволски мост, што е заслуга за суеверието на народот. Mостот е направен без дополнителни потпори и има само еден многу тенок лак со толку правилна форма, што кога се одразува во водата, изгледа како да формира совршен круг. Поради ваквата прецизност, луѓето верувале дека такво нешто мора да биде дело на ѓаволот.
Верувањето дека мостот е изграден од демон, го поткрепуваат и базалтските карпи, кои стојат од двете страни на реката како украси.
Бидејќи мостот е тесен и стрмен и не е безбеден за минување, честите инциденти што настанувале поради тоа уште повеќе го засилиле верувањето дека станува збор за дело на зли сили.
Денес, забрането е преминување преку мостот со цел да се задржи без оштетувања колку што е можно подолго, а на туристите тоа не им пречи бидејќи за да се регистрира целосната убавина на мостот и совршената рефлексија на круг, тој треба да се гледа од далечина.