Забава

Што јадат пилотите за време на лет?

Сите знаеме дека храната во авионите не е највкусна, но ретко кој се прашува дали токму таква иста храна добиваат и самите пилоти?

Британските медиуми пренесуваат изјава на еден пилот, кој сакаше да остане анонимен и кој ексклузивно открива што тој и неговите колеги јадат за време на лет.

Кога е храната на пилотите во прашање, се применуваат одредени безбедносни мерки, па пилотите имаат поинакво мени, кое по квалитетот е исто како и храната која се служи во економската класа.

Сепак, тоа не е единствената разлика.

Пилотот и копилотот мораат да јадат различна храна, бидејќи ако едниот се отруе, другиот и понатаму би можел да управува со авионот.

„Јадеме поинаква храна за во случај на едниот да му се слоши, другиот да може да продолжи да управува“, вели пилотот кој сакаше да остане анонимен.

Некои пилоти исто така си носат и сопствена храна и во тој случај не постојат посебни мерки за безбедност.

Тагови

Поврзани вести