Живот

Што се крие зад необичната бездна откриена на Марс ?

Марс е исклучително интересна планета која што со векови ги фасцинира астрономите со својата прекрасна црвена боја.

Со природната убавина на своите црвени дини и кратери, Марс ги изненади научниците со неочекуваните мистериозни испакнатини и дупки. Така, на 24 јануари оваа година, вселенското летало на НАСА „ Mars Reconnaissance Orbiter “ (MRO) сними зачудувачки црна бездна во близина на еден кратер.

Оваа впечатлива празнина од вулкан е всушност тунел формиран за време на древната вулканска активност под површината на Марс. Имено, на западните падини на вулканот Павонис Монс има голем број вулкански тунели.

По анализата на последователните слики, откриено е дека станува збор за отвор со дијаметар од 35 метри, додека внатрешниот агол на сенката укажува дека самата празнина е длабока околу 28 метри. Сè уште не е познато дали шуплините имаат дополнителни тунели.

Вдлабнатините како овие се од особен интерес за научниците затоа што нивната внатрешност е релативно заштитена од зрачење и може да ги откријат остатоци од можен древен живот на Црвената планета.

Тим експерти од универзитетот во Аризона анализирајќи ги податоците од фотоапаратот МОРО со HiRise ги обработија снимките и ја зголемија осветленоста на фотографиите за да го разгледаат подетално изгледот на овој интригантен феномен.

„Се чини дека има мазен песок на дното на јамата, кој се лизга кон југоисток“, објасни астронимот Рос Бејер од тимот на HiRise.

„Сакавме да утврдиме дали станува збор за изолирана јама или светлина што минува низ подземни тунели што личат на тунели од лава на Хаваи“, додаде тој.

Но, планетарните експерти сè уште не ги сфатиле тајните на оваа темна бездна.

“Засега не можеме да видиме никакви тунели, но тие би можеле да бидат во sидовите што во моментов не се видливи. Ја свртивме камерата HiRise скоро за 30 степени за да ја фотографираме, но засега можеме да го видиме само грубиот источен ѕид на јамата”, рече Бејер.

Тагови

Поврзани вести