Вести

Што дишеме утрово?

Мерните станици за квалитет на воздухот на Министерството за животна средина утрово регистрираат високи концентрации на штетните ПМ10 честички во речиси сите делови на земјата.

Најалармантно е во скопската општина Центар каде се измерени 302 милиграми ПМ 10 на метар кубен, по што следуваат реонот околу Ректораттот со 180, општина Карпош со 179, Битола со 159, Струмица со 156, Тетово и Кавадарци со 134 милиграми на метар кубен. Не работат мерните станици во населбата Лисиче и Гази Баба каде вообичаено загаденоста е мошне висока, како и во Велес.

Тагови

Поврзани вести