Природа
Што да направите доколку изгорите на сонце?
Изгорениците од сонце се јавуваат кога незаштитената кожа е предолго изложена на сончевите ултравиолетови зраци.

Опасноста од изгореници не завршува со непријатно чувство на кожата, бидејќи може да прерасне во сериозен проблем. Докажано е дека изгорениците го забрзуваат стареењето на кожата и се водечка причина за рак на кожата како што се меланом, карцином на базалните клетки и карцином на сквамозните клетки.
Генерално, луѓето со посветла кожа повеќе се изложени на ризик од изгореници и развој на кожни болести отколку луѓето со потемна кожа
Откако ќе изгорите, кожата почнува да се лупи, што е природен процес на отстранување на мртвиот слој на оштетената кожа. Може да чеша, но се советува да не се допира делот што се лупи, туку да се остави природно да падне.
Тежината на штетата предизвикана од изгореници зависи од повеќе фактори, како што се интензитетот на сончевите зраци и должината на времето на изложување.
Ако сте биле толку многу изложени на сонце што веќе сте изгореле, нема начин да ја намалите штетата, но постојат начини да ја намалите болката и да го ограничите отокот додека не видите колку навистина е сериозна изгореницата, што може потрае неколку дена.
Првото нешто што треба да направите е да излезете од сонцето и да најдете сенка, по можност во затворен простор.
Она што веднаш може да помогне е студената вoда. Без разлика дали се работи за туш, када или базен, студената вода делумно ќе ја излади прегреаната кожа. Кога ќе завршите, оставете ја кожата навлажнета, што ќе ви помогне да останете освежени подолго време.
Најдобрите креми за изгореници се оние што содржат алое вера, а ако можете, најдете чист гел од алое вера, кој ќе помогне да се излади кожата и да се одржува хидрирана, што е важно за процесот на заздравување на изгорениците.
Ако ве боли кожата и поради тоа не можете удобно да спиете, земете го средството за намалување на болката што обично го користите.

Ако се појават плускавци на кожата, тоа значи дека имате изгореници од втор степен. Не ѕиркајте или допирајте ги плускавците бидејќи тие и помагаат на вашата кожа да заздрави и ве штитат од инфекција. Иако изгледаат загрижувачки, плускавците се природен дел од процесот на лекување. Консултирајте се со лекар само ако плускавците не можат да зараснат или се влошуваат.
Изгорениците од сонце ја сушат кожата, што ја принудува да ја повлече водата од остатокот од телото. Затоа е важно да пиете многу вода и други течности за да спречите дехидрација.
Ако одлучите да ја наполните кадата со ладна вода, можете да додадете во неа сода бикарбона или кршена овесна каша. Овие две намирници значително помагаат да се намалат реакциите на сонце и можат да го забрзаат процесот на обновување на кожата.
Чајот од камилица е исто така одличен избор, откако ќе го сварите оставете да се излади и потоа направете лапа за да ја ставите на изгорената кожа. Камилицата има антивоспалителни својства, па затоа е одличен избор во оваа ситуација.
Доколку црвенилото не поминува со денови, плускавците се зголемуваат и кожата се повеќе ве боли, време е да се консултирате со лекар, на кого е важно да му забележите кога сте изгореле и кој од методите сте ги користеле дома.