Македонија
Што гореше во пожарот во цементарницата во Скопје?
Во пожарот што избувна во Цементарница Усје можеше да се забележи густ чад како излегува од фабриката, дали некој од надлежните институции провери што всушност гореше и колкави се штетите врз животната средина и здравјето на граѓаните, се разбира дека не.
Противпожарната служба интервенираше и пожарот беше изгаснат. Оттаму велат дека нема поголема опасност од проширување.
Детали се најавуваа за подоцна во текот на денот на пожарот, а истите еве веќе трети ден ги нема. Што се случи и што гореше во цементарнизата која е еден од најголемите загадувачи во Скопје и од каде што изминатите години протекоа многу афери за тоа дека се користи несоодветно гориво за печките т.с. отпад од пластика и останати штетни материи.
Овие афери останаа неразјаснети до сен денешен иако постоеа факти и документи за истите тврдење. Како функционира министерството за животна средина не треба многу да се дискутира, а очигледно е на секој еден македонец за нивното тенденциозно уништување на се што е еколошки стандард во Македонија.