Македонија
ШТО ГИ ТУРНА ЦЕНИТЕ НАДОЛУ: Неделава полните горива поевтино
Падот на цената на нафтата на светските берзи е причина за пад на цените на нафтените деривати.
Ова станува јасно од понеделничката одлука на РКЕ за цените на горивата.
Од ноческа на полноќ и бензините и дизелот се продаваат по цени пониски од претходната недела и тоа за два, односно за 1,5 денари по литар.
Тоа значи дека оние кои возат автомобили на бензин за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе плаќаат 62 денари по литар, додека 64 ден/литар во следните седум дена ќе чини ЕУРОСУПЕР БС-98.
Дизелашите пак ќе полнат резервоари за 54,5 ден/лит.
Од новиот ценовник е јасно дека пад бележи и цената на Екстра лесното масло за домаќинство која ќе изнесува 43,5 ден/лит.