Македонија
Штетник ги напаѓа боровите шуми во кочанско
Околу 800 хектари шума е нападната од боровиот четник на планината Пониква, во кочанскиот регион покажаа анализите на Македонски шуми. Екологистите алармираат дека е потребно негово целосно уништување од шумските појаси околу Кочани. Овие зелени појаси се стари и речиси половина век. Надлежните од Македонски шуми ја следат состојбата со штетникот кој масовно ги уништуваат најпрвин гранките на дрвјата.
МГС тон Благојчо Диванисов раководител на р.п Македонски шуми- Кочани ЈП Македонски шуми почнува од 1.52 доколку тоа не се спречува завршува на 2.09 големи шумски штети
Осум години не е извршено авионско третирање на боровите шуми низ кочанскиот регион. Оваа година ресорното министерство издвоило пари, но екологистите велат дека најефективно е рачното чистење на штетникот. Забележуваат дека резултатите се гледаат на шумите во штипскиот регион, кои се исчистени од боровиот четник.
Секој зелен појас е важен во земјава во услови, кога масовно се уништуваат дрвјата при пожари, но и неспречувањето на институциите на неконтролираната дива сеча на дрвјата, од која некој на црно печали, а зад себе остава оголени површини низ планините во земјава.