Свет

Шпанија утре ја очекува топлотен бран , незабележан досега

Шпанија очекува топлотен бран со високи температури , вообичаени за почетокот на јуни, но не и за март, објави денеска државната метеоролошка агенција Аемет.

Температурите што не очекуваат не се вообичаени, изјави денеска  портпаролот на Аемет, Рубен дел Кампо.

Екстремно топло време за утре се прогнозира во областите на  Кастилја и Леон, Наваро, Теруела и Мадрид. Во среда,  топлотниот бран ќе достигне до Пиринеите, Каталонија, Валенсија и Мурсија.

Температурите би можеле да се искачат до 34 степени во делови од Андалузија, пренесува Аемет. Експертите предвидуваат дека температурите ќе се спуштат дури после петок.

Тагови

Поврзани вести