Свет
Шолц се повлекува од преговорите, ЦДУ триумфира на изборите, а Германија повторно поделена на Источна и Западна
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска објави дека нема да учествува во преговорите за формирање нова влада предводена од демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ). Во интервју за германската телевизија ЗДФ, Шолц изјави: „Ако има разговори, на пример меѓу СПД и ЦСУ, јас нема да бидам преговарач во име на СПД“. Тој исто така нагласи дека нема да биде претставник на СПД во влада предводена од ЦДУ, ниту ќе преговара за тоа.

Оваа изјава доаѓа по изборниот пораз на Социјалдемократската партија (СПД), која освои 16,5 отсто од гласовите на последните парламентарни избори, што претставува значителен пад во поддршката. Во меѓувреме, демохристијаните (ЦДУ/ЦСУ) предводени од Фридрих Мерц освоија најголем процент од гласовите – 29 отсто, додека крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) се најде на второто место со 19,5 отсто.
По изборниот дебакл, високи функционери на СПД најавија кадровска реорганизација. Актуелниот министер за одбрана, Борис Писториус, веќе изрази желба да преземе водечка улога во преговорите за нова влада. Тој го опиша изборниот резултат како „поразителен, катастрофален резултат“ и додаде дека „нема што да се украсува“.
Фридрих Мерц, кандидатот на ЦДУ/ЦСУ за канцелар, по изборната победа изјави дека сака брзо формирање на функционална влада. Сепак, процесот на формирање коалиција може да биде сложен, особено со оглед на значителниот успех на АфД, што дополнително ја комплицира политичката сцена во Германија.
Со оглед на одлуката на Шолц да не учествува во преговорите и најавените промени во раководството на СПД, останува да се види како ќе се одвиваат коалициските преговори и каква влада ќе биде формирана во наредниот период.
Ако ја погледнете мапата на изборни победи ќе забележите дека Германското општество е длабоко поделено во политичка смисла и тоа по границата помеѓу поранешна Источна и Западна Германија, дали се работите се враќаат во позиција пред 1990 година?
Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка за победата на ЦДУ на парламентарните избори во Германија.
– Честитки за значајната победа на ЦДУ на изборите. Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија. Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени, наведува Мицкоски во честитката објаена на неговито фејсбук профил.