Македонија
ШОКОВИ ОД МИНУСНИ ВО ПЛУС ТЕМПЕРАТУРИ ЗА САМО НЕКОЛКУ ЧАСА СЕ ПРОИЗВОД НА ДРАСТИЧНИТЕ КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Драстичните климатски промени, температурните шокови од – во + за едно деноноќие ја алармираат потребата од итно намалување на загадувањето и поинтензивно користење на природните извори на енергија. Да се напушти досегашниот начин на производство на струја и да се користи ветерот и сончевата енергија оти во спротивно тие климатски промени ќе бидат уште по неиздржливи советуваат странските експерти.Нивното мислење е дека глобалниот проблем мора да се решава локално и тоа час поскоро.
Домашните експерти пак велат одамна веќе не дискутираме дали климатските промени не афектираат туку како да се прилагодиме без да ни го отежнуваат секојдневието.
Решението или превентивата лежи во намалување на емисиите на јаглероден диоксид како најголем заагдувач.
Граѓанските здруженија велат Законот за климатските промени е во изработка се подготвува и стратегија за енергетика па очекувањата се дека во иднина и Властите посериозно ќе пристапат кон овој проблем.