Свет

Шест слонови паднаа во провалија, во обид да спасат слонче

Шест слонови настрадаа во пад во длабока бездна на Тајланд , додека се обидувале да спасат слонче да не падне во бездната со водопад на југот на земјата.

Според БиБиСи, локалните власти соопштиле дека несреќата се случила откако тригодишен слон се лизнал од карпа во близина на водопад, а другите се упатиле во помош и се пропаднале во бездната.

Канцеларијата на тајландскиот национален парк каде што се случи несреќата соопшти дека добиле извештај дека група слонови блокираат пат недалеку од водопадот. Неколку часа подоцна, во подножјето на водопадот, бил пронајден трупот на тригодишниот слон, а недалеку и од другите пет слонови.

Едвин Виек, основач на фондацијата „Пријатели на диви животни“, изјави за Би-Би-Си дека преостанатите слонови немаат многу шанси за преживување затоа што тие зависат едни од други за храна, и се заштитени ако се во стадо. Исто така, Виек вели дека оваа катастрофа исто така ќе влијае на слоновите многу емотивно затоа што тие се многу чувствителни животни.

Уште два слона биле забележани на карпа во близина на водопадот каде што се случила несреќата, а надлежните се обидуваат да ги спасат. Едно од овие два слона е, наводно, мајка на слонот кој паднал од карпата.

Ова не е прв пат да се случи таква несреќа на оваа локација. Во 1992 година, осум слонови беа убиени во водопадот, наречен „Пад на ѓаволот“ од локалното население.

Тагови

Поврзани вести