Храна
Шест причини зошто е добро да јадете лубеница
Не постои храна што толку ја гаси жедта во жешките летни денови на лубеницата! Честопати можеме да прочитаме дека таа всушност е зеленчук и спаѓа во семејството на тикви.
Иако лубениците можат да се најдат во текот на целата година, најдобро е да се јадат во текот на летото, бидејќи тогаш имаат најмногу хранливи состојки.
На 100 грама лубеница има само 30 калории, содржи многу вода, што во лето е многу важно за нас, а во исто време е богата со витамини А и Ц, калиум и магнезиум.
Иако секој сака ладна лубеница, со чувањето во фрижидер всушност таа губи некои од својствата, како што е ликопен, кој ефикасно штити од некои болести. Сепак, откако ќе ја исчете дефинитивно најдобро е да се чува во фрижидер.
Високиот процент на витамин Ц во лубеницата го подобрува имунолошкиот систем и го скратува времето на опоравување од болести, но исто така го намалува ризикот од срцев удар и карцином. Цитрулинот, амино киселина со која е богата лубеницата, се претвора во аргинин во телото, што е клучно за добра циркулација на крвта. Лубеницата е добра за релаксација и заздравување по физичката активност.
Факти за лубеницата:
- Моќниот Л-цитрулин, кој ги опушта и шири крвните садови
- Витамин Ц – 20 отсто од дневната потреба на овој витамин ја има во 180 грама лубеница
- Калории – лубеницата е одлична за дите бидејќи содржи само 30 калории
- Силниот ликопен – благодарение на него може да го намали ризикот од мозочен удар за 20 отсто
- Витамин А – од 150 грама лиубеница пет отсто чини витаминот А, која е одговорен за здравјето на вашата кожа
- Хидратација – Лубеницата се состои од 92 отсто вода, 6 отсто шеќер и два отсто влакна.