Патувања

Шест дестинации во Италија кои треба да ги посетите

Италија е рај за секој тип на патник. Изобилува со шармантни, живописни, авантуристички и историски градови. Всушност, најтежок дел од патот е да одберете каде ќе одите.

Во продолжение прочитајте кои места во Италија треба да ги посетите барем еднаш во животот.

Чинкве Тере – шарм на стариот свет

Ова фотогенично парче земја, воедно е и дом на еден од најголемите национални паркови во светот. Borgo Antiko е едно од најромантичните места во оваа област. Преполн е со ресторани, штандови со сладоледи, продавници и цркви. Задолжително пробајте ги локалните и егзотични вина, како и највкусното сирење.

Рим – каде што сите патишта водат

Рим не е изграден за еден ден и ќе ви треба повеќе од еден ден за да ја почувствувате магијата на овој безвременски град. Вистински колаж од плоштади, пазари и историски знаменитости од непроценлива вредност. Фрлете паричка во фонтаната Ди Треви, восхитувајте му се на колосеумот и уживајте во совршено еспресо или сладолед, пред попладнето да го поминете во шопинг, во некои од најдобрите трговски центри во Европа.

Фиренца – престолнина на храната

Едниот од најромантичните европски градови, Фиренца, е задолжителен за секого кој сака добра храна, архитектура која одзема здив, како и музеи од светска класа. Посетете го Forte de Belvedere, од каде ќе можете да ја гледате цела Фиренца на дланка, куќата на Данте Алигиери, базиликата, но и добро познатите ресторани. Никако не заборавајте да пробате сладолед.

Соренто – вистински бисер

Соренто е бисер на Медитеранот, поточно историска област. Додека сте таму посетете ја плажата Bagni della Regina Giovanna, вовлечена во карпи така што формира природна лагуна. Сепак, дојдете порано за да ја избегнете гужвата. За ручек посетете го L’Antica Trattoria, класичен италијански ресторан, каде ќе уживате во морската храна. Не пропуштајте ги историските локалитети, вклучувајќи ја и катедралата во Соренто, Duomo dei San Filippo e giacomo.

Милано – историја и мода

Космополитски град за бизнис и иновации. Милано е најдобриот град за запознавање со италијанската култура и ноќниот живот. И не е наменет само за оние кои се модни зависници. Овде се наоѓа и банка од 19 век, која денеска стана Gallerie d’Italia Piazza Scala. Од друга страна, ресторанот Taglio е идеален за вечерни состаноци, кој се наоѓа долж каналот, а туристите го опишуваат како „чисто совршенство“.

Венеција – популарна со причина

Венеција едноставно не можете да ја заобиколите. Најнеобичниот град на светот, кој опстојува со векови и привлекува се повеќе туристи. Нешто слично не постои никаде, а покрај добро познатите локалитети, се препорачува овде да поминете само два до три дена, бидејќи тоа ќе ви биде и повеќе од доволно за да ја прошетате Венеција.

Тагови

Поврзани вести