Македонија
Шатките си шетаат низ улиците на празното Скопје
Поради состојбата со коронавирусот во Македонија, а и во сите европски земји се апелира граѓаните да останат во своите домови со цел да се спречи ширењето на смртоносниот вирус.
Од 21 часот навечер до 5 часот наутро воведен е полициски час за сите граѓани.
Од вчера, движењето на младите до 18 години се забранува од 21 до 12 часот, а на постарите од 67 години од 11:00 до 05:00 часот следниот ден, одлучи Владата на синоќешната седница.
Додека улиците се празни, животинките слободно шеаат без никаков страв надвор од своите природни живеалишта.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од булеварот „Гоце Делчев“ на кои се гледаат шатки кои се движат по празната улица.
Фотографиите предизвикаа воодушевување кај многу граѓани, кои масовно ги споделуваат.