Свет

Шарена куполна структура во Иран

Бирото за архитектура со седиште во Техеран, ZAV Architects, изгради куќи со шарени куполи изработени од набиена земја и песок на островот Хормуз во Иран.

Наречени „Присуство во Хормуз 2“, градбите со вкупна површина од 10.300 квадратни метри, содржат 200 куполни станбени единици во различни димензии кои се расфрлани на локацијата во групи и создаваат петта фасада гледано одозгора.

Новиот развој, реализиран како низа урбани градби нарачани од полу-јавна институција во тоа подрачје, завршен е со цел да се зајакне локалната заедница на островот.

3_resize

Дизајниран како континуирана, шарена куполна структура, проектот е инспириран од грануларни структури на копното и се користат за создавање архитектура на макрониво.

Добиени од ископите од локацијата, архитектите користеле честички од песок и ги полнеле вреќите кои ги обликуваат куполите, а тоа се просторни честички кои ја сочинуваат целата градба. Оваа техника со песок во вреќи која ја користеле архитектите за да ги конструираат куполите е едноставна и иновативна техника што се користи во регионот, позната е како „Superadobe“ и е изум на иранскиот архитект Надер Халили.

23_resize

Како што потенцираат архитектите, „Присуство во Хормуз“ е континуиран процес кој има за цел градење доверба, повеќе отколку архитектонски објекти, со цел да се поттикне учеството на локалното население и вклучување на нивните интереси во било која интервенција на островот.

„Малиот обем на градбите ги прави компатибилни со градежните можности на локалните занаетчии и неквалификувани работници, кои беа подготвени за овој проект со претходни помали проекти“, велат архитектите.

„Присуството во Хормуз 2“ куќите содржат пријатни куполи, како што се соби за персонал, кафуле, простории за одмор, складирање, перална, туристички информации, салон и сала за молитва.

Во внатрешноста, архитектите проектирале живописни ентериери што е продолжение на надворешниот изглед на проектот. Ентериерите се засноваат на едноставен распоред – тие се исполнети со флексибилно уредување.

8_resize

5_resize

15_resize

7_resize

17_resize

21_resize 20_resize 14_resize 24_resize

Тагови

Поврзани вести