Храна
Чудотворните дејства од конзумирање на зелениот чај
Еден од најздравите пијалоци кои ни носи голем број на бенефиции во нашиот организам, e зелениот чај.
Toj е многу почитуван и препорачан од нутриционистите низ целиот свет поради антиоксидантните својства што ги има.
Меѓутоа и покрај тоа што се работи за фантастичен чистач на организмот и јак диуаретик, луѓето слабо се информирани за конкретните ефекти што тој ги има врз нашето здравје и затоа овој чај треба да биде послужуван и конзумиран низ сите домови во светот.
Го зголемува нивото на енергија
Една шоља зелен чај со окулу 230 милиграми на овој пијалок содржи помеѓу 24 и 45 милиграми кофеин. Тоа резултира со намален ризик од главоболки и кревање на нивото на енергија а далеку поголемо количество вода отколку што има во кафето, значи воедно и избегнување на негативните ефекти што кафето често ги предизвикува во вид на мачнина и тресење.
Го чува срцето од заболувања
Чувар на здравјето на срцето, така е карактеризиран зелениот чај, по успешното завршено истражување над 40.000 испитаници што јасно покажува дека тие што го конзумираат зелениот чај имаат за 26 проценти помала шанса да добијат срцев удар.
Ги спасува забите и непцето од крварење
Честата појава на крварење на непцата во устата и проблеми со пропаѓање на ткивото на непцата што во подоцнежните години предизвикува катастрофални проблеми со забите и со оралното здравје, со често конзумирање на зелен чај исто така може да биде превентивно што е докажано низ многу истражувања.
Делува како превенција од карцином
Еден од најголемите причинители на смрт на денешницата, сепак најмала стапка има во Азија и секако тоа не е случајно. Главната причина за тоа е секако зелениот чај. На пример Јапонија е чист пример на оваа појава, иако 100% со сигурност не може да тврдиме дека зелениот чај стои зад сево ова, научниците бараат основа во хемикалиите ЕГЦГ, ЕГЦ, ЕКГ и ЕЦ, кои се познати по своите антиоксидативни ефекти. Тие ги чуваат ДНК клетките од оштетување а тоа е воедном и еден од првите причини за растење на канцерогените ќелии.
Ги намалува ефектите од остеопороза
Научните истражување чии што резултати се објавени во најеминентните научни списанија, докажало дека жените кои биле испитанички и пиеле по 3 шољи зелен чај, дневно имале до 30 проценти помал ризик од добивање остеопороза, што доведе до заклучок дека овој чај воедно е и еден од најдобрите борци против овој процес на губиток на коскената маса и зголемување на ризикот од кршење на коските.
Помага за да се постигне и одржува здрава тежина
Споменатиот диуретски ефект брзо делува на падот на скалата на вагата а тоа е краткорочна промена. Кога се во прашање вистинските работи што зелениот чај ги прави, во контекст на достигнување и одржување на здрава телесна маса, тука е ефектот на забрзување на метаболизмот и лесно согорување на калории.
Го намалува нивото на лошиот холестерол
Научните истражувања фокусирани кон следење на нивото на холестеролот во крвта и влијанието кон редовно пиење на зелен чај на нив, откриваат дека личностите која често го конзумира овој ценет напиток имаат пониско ниво на лош холестерол од личностите кои ја немаат оваа навика.
Сите овие се причини поради кои би требало често да го конзумирате зелениот чај. Единствено треба да се има на ум дека ниту во ова како ниту во се друго не треба да се претерува, земете во предвид и тоа дека зелениот чај ја намалува ефективноста на одредени лекови.