Македонија

Чија е одговорноста за хавариите во РЕК Битола и кој профитира од тоа?

Владата  анализира,  од кого ќе бара одговорност  за лошата состојба  во РЕК,  кој деновиве работи  со вклучи, исклучи.

Се  прават и пресметки каква ќе биде цената на струјата за домаќинствата од следната година. Министерот Бектеши не октри во која насока  ќе се движи, затоа што ЕСМ сеуште немаат дадено понуда.  Смета декa тие не го прекршиле законот за енергетика со тоа што не се појавиле на тендерот на ЕВН ХОУМ , иако таму јасно е наведено дека ЕСМ има обврска да го направи тоа. Но очекува на следниот тендер да се јават. Кој ќе биде учесник на тендерите и кој ќе ги добие набавките на струја од надвор, ќе профитира на сметка на хавариите и неработењето на електраните во Македонија, а цената на крај ќе ја платат граѓаните.

Од ЕСМ пак и  денеска нема конкретен одговор зошто не се јавиле  на повикот на  Универзалниот, на кој требаше да се обезбеди струја за домаќинствата за догодина. Понудата  од компанијата е главен критериум за  тоа  колку ќе биде цената за граѓаните.

И додека од  ЕСМ  тврдат дека блок 1 не е во дефект  и  дека не  работи поради планско исклучување, Бектеши добил информација дека се прават напори да се вклучи.

Ги прашавме и  во  РЕК , кога блок 1  ќе биде ставен на мрежа. Информација за тоа не дадоа. Единственото  соопштение  од таму е дека јапонски Мицубуши,  има интерес да учествува во изградба на  гасна централа во РЕК.

Засега нема нови  мерки за санирање на штетите во енергетиката.Останува само помошта од  65 милиони евра кој најверојатно ќе завршат кај  ЕСМ, од каде ќе се префрлат пари на Мепсо за да ги плати трошоците за струјата од Европа. За екперската јавсност овие пари се малку. Според  пресметки потребни се околу 250 милиони евра.

Пренесува sitel.mk

Тагови

Поврзани вести