Македонија
Чистењето на диви депонии во Миравци и Смоквица
На локации близу населеното место Миравци и населеното место Смоквица, службите на ЈПКД „Комуналец“ во соработка со Општина Гевгелија започнаа со чистење на дивите депонии, каде што имаше насобрано големо количество смет, кабаст и градежен шут.
Како што информираат од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ на истата локација постави знак за забрането фрлање на отпад.
– Упатуваме апел до граѓаните кои живеат во близина на овие населени места, сметот да не го фрлаат на овие локации за во иднина да немаме повторно новосоздадени диви депонии – нагласуваат од локалната самоуправа.
Општина Гевгелија во соработка со ЈПКД Комуналец ќе продолжи со чистење и на другите диви депонии низ градот.