Свет
Чешка ги укинува дискриминаторските ковид- потврди во рестораните и на спортските настани
Од ноември 2021 година беа воведени дискриминаторските мерки за здравите луѓе, само вакцинираните Чеси и оние кои прележале ковид во последните шест месеци имале пристап до барови, ресторани, хотели и други услуги.
„Владата од 9 февруари ќе ја укине обврската за приложување потврда за вакцинација или доказ за болест за влез во ресторани, културни, спортски и слични настани“, изјави премиерот Петр Фиала.
Тој додаде дека останува обврската за носење заштитна маска во затворени простории, како и ограничувањето на бројот на учесници на поголемите собири.
Чешка обкорден број во вторникот, 57.195 заразени. По ова зголемување, вкупниот потврден број на заразени од почетокот на пандемијата се искачува на 3,1 милион, со повеќе од 37.000 жртви.
Но, бројот на пациенти во чешките болници полека расте и во вторникот биле хоспитализирани само 2.653, што е пад од март 2021 година, кога имало повеќе од 9.500.