Свет

Честички од пластика пронајдени во белите дробови на живи луѓе

Научниците од медицинскиот универзитет Хал Јорк од Велика Британија, прв пат откриле загадување со честички од микропластика во најдлабоки делови од белите дробови на живи луѓе, пренесува весникот Грдијан.

Ова е прв пат научниците да пронајдат микропластика во бели дробови кај жив човек, и тоа кеј повеќето учесници во испитувањето.

Миркопастика претходно е пронајдена во човечко тело кога е вршена аутопсија на починати, но ова е прв пат таа да биде откриена и кај жив човек.

Во испитувањето во В.Британија, пронајдени се 12 различни видови на микропластика кои најчесто се наоѓаат во пластичните пакувања, во шишиња, облека и бројни процеси на изработка на различни производи.

Минатиот месец микропластично загадување прв пат е детектирано и во човечка крв, а научниците утврдиле присуство на честичките кај дури 80 отсто од тестираните лица. Тоа откритие покажува дека овие честички може да патуваат низ телото и да останат во некои органи.

Се уште не е познато точно каквовлијанието има микропластиката на човечкото здравје.

Научниците од Јоркшир соопштија дека нивното истражување покажува дека пластиката во нашиот организам влекува со вдишување и дека сега ќе го насочат своето истражување да откријат какво влијание има на респираторното здравје.

Со студијата е утврдено дека во 11 од 13 тестирани ткива од бели дробови се наоќаат 39 микропластики, што е повеќе од тоа што е утврдено во било кој претходен лабораториски тест.

Тагови

Поврзани вести