Живот

Црн леопард за прв пат фотографиран по повеќе од 100 години

Биолозите снимиле ретки фотографии од прекрасната голема мачка во Кенија, што се први слики од ова животното во Африка од 1909 година, рече Ник Пилфолд биолог од зоолошката градина во Сан Диего.

Пилфолд рече дека ги снимиле фотографиите по месеци набљудување и чекање. Неговиот тим биолози поставиле камери за да ја следат популацијата на леопарди во близина на паркот Лоисаба Консерванси во округот Лаикипиа минатата година, кога слушнале непотврдени извештаи за можно забележување на црн леопард.

„Поставивме повеќе камери во областа каде што бил забележан“, рече тој. „За неколку месеци, бевме наградени со повеќе снимки на нашите камери“.

Кога се зборува за црн пантер, најчесто се мисли на леопард или понекогаш на јагуар чие крзно е во црна боја, наместо вообичаеното кај овие животни, жолтеникаво со црни шари. Затоа црниот леопард не е посебен вид, туку станува збор за меланизам или прекумерно производство на пигменти, рече Пилфолд. Иако крзното на леопардот се чини црно, во соодветни светлосни услови, како гледање низ ноќни инфрацрвени камери, може да се видат шари на крзното.

„Меланизмот се јавува кај околу 11% од светската популација на леопарди, но повеќето такви видови леопарди живеат во Југоисточна Азија“, вели Пилфолд. „Црните леопарди во Африка се многу ретки“.

Иако постоеле усни тврдења дека се забележани црни пантери, односно црни леопарди во Африка, последната емпириска потврда за таков настан во форма на фотографија се случила пред еден век во 1909 година во Етиопија.

„Многу е веројатно дека црните леопарди цело време биле присутни во Кенија, но недостасуваше висококвалитетна фотографска опрема со која тоа би се потврдило“, вели Пилфолд

 

Тагови

Поврзани вести