Свет

Црногорците по нафта, ќе бараат природен гас

Црна Гора не се откажува истражувањата во близина на нејзиниот брег. Откако напорите да се пронајде нафта во близина на Будва не дадоа резултат, сега напорите се наочуваат кон истражување на наоѓалишта на гас.

Според државниот секретар за енергетика и рударство, Марко Перуновиќ, до 15 март ќе се знае дали грчка компанија ќе започне со работа на четири бунари во црногорското подморје за истражување фокусирано на проспектот за гас, пренесува РТЦГ.

Тој посочи дека во следните шест месеци ќе се знае дали конзорциумот „Ени-Новатек“ во септември ќе започне со дупчење на нов бунар во црногорската подморје, кој ќе има ист истражувачки фокус. Тој тврди дека при подводното истражување на нафта во црногорското подморје не се случил ниту најмал еколошки инцидент.

Тој појасни дека „Ени-Новатек“ има договор со државата до 15 септември да започне нова фаза од работењето.

„Согласно планот, тие се должни во наредните 6 месеци да не известат што планираат да направат, каде планираат да издупчат нов бунар длабок до 1.500 метри или ќе ни предадат банкарска гаранција како залог дека ќе ја завршат работата ако се откажат од бунарите што треба да се фокусираат на проспектот за гас. Ако тоа не се направи, таа банкарската гаранција ќе биде депонирана кај нас и ќе остане кај нас“, објасни Перуновиќ.

Државниот секретар додаде дека многу побрзо ќе се знае што ќе биде со другата компанија која покажала интерес за вториот концесиски блок.

„Тоа е грчка компанија која е должна да ги петстави понатамошните планови до 15 март. Дали ќе се дупчат четири истражни бунари, кои исто така се поврзани со проспектот за гас. До 15 март ќе имаме информации што планираат да направат“, тој рече.

Тој нагласи дека при истражувањето за нафтата имале исклучително сложена процедура која траела девет месеци.

Тагови

Поврзани вести