Македонија

Црниот лебед повторно во водите на Охридското Езеро

Црниот лебед со име Лилит се вратил во Охридското езеро за Водици. Лебедот е подарок од белградската зоолошка градина и лајонс клубот Лихнидос од Охрид уште од 2016 година. Белградската Зоолошка градина подари два црни лебеди. Само женката Лилит успеа во адаптирањето на новата средина. Но, по извесно време по пуштањето во водите на Охридското езеро, женката Лилит исчезна. Годинава, ден по Водици, црниот лебед повторно се врати во езерото.

Црниот лебед е застапен од седумдесеттите години, но поради човечката негрижа подоцна исчезнале.

Тагови

Поврзани вести