ЖивотПрирода
Црвено предупредување: Имаме само 12 години да се промениме и да спречиме целосна катаклизма
Светските земји би морале да преземат мерки "без преседан" и да го променат начинот на кој функционираат за да го држат растот на глобалните температури под целеното ниво или ризикуваат уште поголеми топлотни бранови со олуји и поплави, или јаки суши во некои региони, предупредува ОН во денешниот извештај.
Задржувањето на растот на температурите на Земјата на само 1,5 степени Целзиусови, наместо двата степени договорени во Парискиот климатски договор од 2015.,би донело “чиста корист за луѓето во природните екосистеми”, се наведува во соопштението на Меѓувладината комисија на ОН за климатски промени, по повод објавата на својот извештај.
Според извештајот на IPCC, со моменталниот степен на загревање, светските температури ќе достигнат раст од 1,5 степени Целзиусови меѓу 2030. и 2052. година, по зголемувањето од 1,0 степени над прединдустриското ниво од средината на 1800-те. Со одржувањето на целта на 1,5 степени Целзиусови, растот на глобалното ниво на морето би бил за 0,1 метар понизок до 2100. година.
“Секое, и најмалото загревање преку границата од 1,5 степени или повеќе ги зголемува ризиците кои се поврзани со долгорочните или непоправливите промени, како што е загубата на некои екосистеми”, рекол Ханс Ото Портнер, кој води една од работните групи на IPCC.
За загревањето да се задржи на 1,5C, глобалните нето емисии на јаглерод диоксид кои ги предизвикува човекот, би требало да паднат за околу 45 проценти до 2030. година од нивото од 2010. година, и до средината на векот да има нулта нето вредност.
Во крајот од извештајот се наведува дека обновливите извори на енергија би требало да обезбедат 70 до 85 проценти од снабдувањето со струја до 2050. година во однос на сегашните 25 проценти, за да се остане во границите на затоплување од 1,5 степени Целзиусови.
Со користење на технологиите за апсорбирање и складирање на јаглерод, уделот на електричната енергија произведена од гас би требало да се намали на 8,0 проценти, на јаглен под 2,0 проценти. Во извештајот во овој контекст не се споменува нафтата.
Ако растот на просечните глобални температури привремено надмине 1,5 степени, ќе бидат потребни дополнителни техники за отстранување на јаглерод, за загревањето да се врати по 1,5 степени до 2100. година.
“Извештајот покажува дека ни преостануваат минимални можности за превентивно делување за да избегнеме незамислива штета по климатскиот систем, кој го поддржува животот каков што го познаваме”, рекол Амџад Абдула, член на одборот на IPCC и главен преговарач на еден сојуз на мали островски држави, кои се во ризик од поплави поради растот на нивото на морето.
IPCC се состанал минатата недела во Инчеон во Јужна Кореја, за да го финализира извештајот подготвен на барање на владата во 2015. година, за да се процени изводливоста и значењето на лимитирањето на глобалното загревање на 1,5 степени Целзиусови.