Македонија

Црвениот крст го одбележа Светскиот ден на прва помош

Со симулирање на рани од повреда и нивно санирање, на две локации во паркот на жената борец, и со дистрибуирање на флаери во кои е наведено кои се потребните материјали по прва помош кои треба да ги има во секој дом, училиште и возило, но и со дистрибуција на ранци со санитетски материјал на секое средно училиште, Црвениот крст денеска го одбележа Светскиот ден на првата помош.

-Во рамките на Меѓундародното движење на Црвениот крст и црвената полумесечина, денеска го одбележуваме Светскиот ден на прва помош, која е важен сегмент во спасување на човечки животи. Во рамките на одбележувањето оваа година сме фокусирани на средните училишта на Град Скопје и затоа годинава мотото на настанот е „Биди херој во своето училиште“. За таа цел, на претставници од средните училишта сега ќе им се поделат ранци со санитетски материјал, прирачник за прва помош о лична опрема за екипите по прва помош во училиштата-изјави Сузана Тунева Пауновска, секретар на Црвениот крст на Град Скопје.

Таа информираше дека во текот на целата учебна година, почнувајќи од денеска ќе се формира екипа по прва помош која континуирано ќе биде подржувана од Црвениот крст со целокупна обука во делот на практицирањето на прва помош, но и за одговор и дејствување приприродни катастрофи предизвикани од човекот.

-На овој начин ќе придонесеме за подигање на јавната свест за значењето и важностаа на првата помош, со што очекуваме граѓаните да бидат мотивирани и да бидат дел од обуките што Црвениуот крст ги организира преку Центарот за обука по прва помош-потенцираше Тунева Пауновска.

Таа додаде дека во рамките на овој центар постојат различни видови на обуки по прва помош кои се прилагодени на потребите на заедницата и тоа: за возачи, за лица кои ракуваат со пловни објекти, , за лица во трето доба, за млади родители и обука за работни организации.

Тагови

Поврзани вести