Забава

Црвена плажа која исчезнува секоја пролет

Коритото на реката Шуангтаизи на североистокот на Кина секоја година има бројни посетители кои сакаат да се уверат во магичната убавина на околното црвено мочуриште.

Најголемото и најдобро сочувано мочуриште во светот се нарекува и Црвена плажа поради бојата која ја дава една необична билка наречена  Suaeda salsa, која почнува да расте во текот на април и мај, останува зелена во текот на летото, а поцрвенува на есен.

Оваа необична билка го населува мочуриштето и живее до зима, кога исчезнува до наредната година.

Иако поголемиот дел од црвената плажа е затворен за јавноста, мал дел е отворен за туристите. Црвената плажа е еден од најкомплетните екосистеми во светот, природниот резерват е дом на повеќе од 260 видови птици и 399 видови диви животни.

 

Тагови

Поврзани вести